Вооружен конфликт во Далас убиена една девојка во ноќен клуб! – Makedonija News

Вооружен конфликт во Далас убиена една девојка во ноќен клуб!

Една 21-годишна девојка е убиена, а седум лица се повредени во инцидент со пукање во ноќен клуб во Далас, соопшти полицијата.

Полицијата добила повик за пукање во ноќниот клуб „Прајм” во 1.30 часот по локално време, пренесува локалниот огранок на Ен-Би-Си.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот открила шест лица со прострелни рани, а подоцна во блиските болници се појавиле уште две жртви.

Како што е наведено, полицијата утврдила дека дошло до конфликт помеѓу две групи луѓе во клубот, а едно лице извадило оружје и пукало.

Напаѓачот побегнал од местото и сè уште не е уапсен.

Мотивот за пукањето не е утврден и истрагата е во тек.

Social profiles