На Орце Камчев му се слошило во шутка - ова се неговите барања за одбрана – Makedonija News

На Орце Камчев му се слошило во шутка – ова се неговите барања за одбрана

Одбраната на притворениот Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет.

Одбраната од нив ќе побара да спроведат  ад хок мисија, бидејќи Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор.

Просторијата во која се држи Јордан Камчев е под сите минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Нема санитарна вода, а вода за пиење добива ограничено и не секој ден. Нема пристап до светлина и до свеж воздух.

Social profiles