Intel официјално ја претстави 11 генерација на процесори – Makedonija News

Intel официјално ја претстави 11 генерација на процесори

Intel ја објави својата 11. генерација Core S серија процесори (кодно име Rocket Lake-S), која ја предводи премиум моделот Intel Core i9-11900K.

Новите процесори се засновани на новата Cypress Cove архитектура на јадрата, а се дизајнирани да ја трансформираат хардверската и софтверска ефикасност и да ги зголемат сировите гејминг перформанси.

Со брзина до 5,30GHz со Intel Thermal Velocity Boost, Intel Core i9-11900K обезбедува уште подобри перформанси за гејмерите и компјутерските ентузијасти. Процесорот има осум јадра и 16 thread-ови, заедно со 16MB Intel Smart Cache. Отклучениот Intel Core десктоп процесор од 11. генерација поддржува брзини на меморијата до DDR4-3200. Цената на најсилниот модел во линијата изнесува 539 долари.

Новите процесори имплементираат нови алатки за оверклокување за да се постигнат поголеми брзини и супериорни гејминг перформанси. Оваа генерација на CPU нуди оверклокување на меморијата во реално време, поддршка за H570 и B560 чипсети, Advanced Vector Extensions (AVX) 2 и AVX-512, нов интегриран мемориски контролер и Gear 2 поддршка.

Social profiles