44-годишна охриѓанка тешко повредена во сообраќајка – изгубила контрола и излетала од патот – Makedonija News

44-годишна охриѓанка тешко повредена во сообраќајка – изгубила контрола и излетала од патот

На 20.03.2021 во 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистаралниот пат Охрид – Ресен, на околу 700 метри после планинскиот превој Буково, М.С.(44) од Охрид, управувајќи патничко возило „фиат стило“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

Во незгодата, М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Social profiles