Пpeкy лaжни пpoфили ce зakaнyвaл по животот нa coгpaѓaнин па заработи кривична! – Makedonija News

Пpeкy лaжни пpoфили ce зakaнyвaл по животот нa coгpaѓaнин па заработи кривична!

Лице од Дебар доби кривична пријава поради заканување по живот преку социјални мрежи на сограѓанин од истиот град.

Дебарското одделение за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К. (34) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

– М.К. на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, креирал лажен профил од кои, во повеќе наврати на О.Р. од Дебар му испраќал закани по неговиот живот и видеозаписи со недолична содржина, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Social profiles