Трамп се огласи за падот на Бајден, и се пофали дека ке отвора сопствена социјална мрежа – Makedonija News

Трамп се огласи за падот на Бајден, и се пофали дека ке отвора сопствена социјална мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека не е изненаден од падот на американскиот претседател Џо Бајден кога се искачуваше по скалите на претседателскиот авион и навести дека менталната состојба на Бајден е таква што тој не знае ни какви документи потпишува.

Во интервју за „Њузмакс“, Трамп делумно направи паралели помеѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.

Изјавата на Трамп доаѓа откако портпаролката на Белата куќа Џен Псаки инсистираше на крајот на минатата недела дека Бајден е 100 отсто во ред по сопнувањето во петокот, но таа не сакаше да открие дали претседателот бил прегледан од лекар по инцидентот.

Трамп во неколку наврати сугерираше дека нешто се случува со Бајден затоа што тој ги меша зборовите и речениците и често заборава.

Трамп исто така се пофали дека започна да креира сопствена социјална мрежа. Тој неодкри повеќе детали за тоа но одкако го банираја од сите социјални мрежи започна да креира своја, за да им покаже моќност.

Social profiles