Тешка сообраќајка несреќа близу влезот за песочан Дебрца – Makedonija News

Тешка сообраќајка несреќа близу влезот за песочан Дебрца

Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко возило „Фолксваген бора“, со кичевски регистарски таблици и „Цитроен џампер“, со скопски регистарски таблици. Возачот од „Фолксваген бора“ загинал, а возачот и сопатникот од автомобилот „Цитроен џампер“ со тешки телесни повреди се хоспитализирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Очевидци велат дека глетката на местото на настанот е страотна. Едно од возилата е опожарено, а сообраќајот во прекин.

Social profiles