Влегов на фејзбук кај жена ми и имаше што да видам – Makedonija News

Влегов на фејзбук кај жена ми и имаше што да видам

Со сопруга сме заедно шест години. Во бракот функциониравме одлично, барем јас така мислев. Двајцата со добри работи и плати без кредити, но животот знае да биде непредвидлив.

Пред да се земам со сопругата бевме во врска 4 години и бевме многу среќни и затоа се зедовме и основавме семејство. Има ли нешто полошо од тоа твојата жена после шест години брак да те напушти поради тип кој го запознала на Фејсбук? Мислев дека нема. Бев бе сен кога дознав.

Живееме во една скопска населба, порано беше село, но пред неколку години со урбанистичкиот план влеговме и ние во Скопје. Но, сепак, мало место сме и се’ се знае, па не би сакал да ви откријам од каде сум.

Жена ми во последно време почна да се однесува чудно, ама не можев да сфатам што и е. Постојано киснеше пред компјутер и почна да не ја интересира ништо за дома. Ретко готвеше, двете дечиња ги батали, престана да чисти а ја интересираше САМО Фејсбукот.

Еден ден се среди, се спакува и рече дека ќе отпатувала кај мајка и’ во Србија на неколу дена. БЕЗ ДЕЦА! Мене ми падна сомнително, као ќе чистеле ова-она, ме испоматка, ама ај некако голтнав и и’ поверував. Ја викнав мајка ми да дојде за да ги чува децата.

Штом замина, веднаш седнав пред компјутер. Го отворив Фејсбукот и пробав да се најавам на нејзиниот профил. И го знаев пасвордот, зошто јас и’ го отворив профилот, само ги измешав имињата на децата, едното па другото.

Го отворив месинџерот и што да видам!!!! Таа се допишувала со некој тип 15 години постар од неа. Таа била договорена да оди кај него, а не кај мајка и!

Еј, типот е постар од неа 15 години, а од мене е 10 години постар, имал зад себе два брака и чопор деца. Значи ме напушти, замина како најдолна дроља, си ги остави двете деца и мене, за да се „тера“ таму со некој што не го ни познава?

Само не ми е јасно што ќе се случеше ако мајка и’ се јавеше во меѓувреме? А не се јави, што значи дека и со нејзе нешто средила за да не ѕвони дома. Бев многу нервозен кога видов и не можев да читам понатаму, туку го зедов шишето и се исп ијанив.

Па добро бе мајку му стара, мојава да беше дете па ајде де, ќе сфатев, ама ја сметам за возрасна жена, мајка на две деца, како можела вака да се излаже?

А како што ги читав пораките, видов дека типот онака глатко и се удвара и и’ симиња ѕвезди ко да е кокошка, а оваа се фатила на јадицата.И пишав порака повеќе да не се враќа дома, дека може да си остане таму каде што е.

Веднаш ми се јави да праша што се случило. А јас и велам, нели си во Србија? Зошто не ми заѕвоне на Вибер туку обично? Почна да се правда, да д’тка. Ја прашав дали и’ е сладок стариот и да не ме лаже зошто се’ знам.

Па она почна да плаче, да лаже дека ништо немала, само отишла да се запознаат. Па и велам а каде спиеше? Наводно спиела кај него дома ама на кауч во друга соба. Абе на кого тие приказни, јас не сум плитоум ко неа. И така, ви велам, ја отфикарив засекогаш.

И реков да дојде по стварите кога јас нема да бидам дома, а децата нема да ги види до развод. Толку од мене. Пораката што сакав да ви ја испратам се надевам дека ја сфативме. Нема потреба од објаснување.

Social profiles