Скопјанец пронајден мртов на улица во Чаир – Makedonija News

Скопјанец пронајден мртов на улица во Чаир

МВР соопшти дека на улица во населбата Чаир пронајден е починат 42-годишен маж од Скопје.

На 23.03.2021 во 08:30 часот во СВР Скопје од Итна медициска помош е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје бил пронајден починат М.Л.(42) од Скопје.

Од лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Social profiles