Македонците во Егејска Македонија бараат јавно образование на македонски јазик – Makedonija News

Македонците во Егејска Македонија бараат јавно образование на македонски јазик

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и честита на Организацијата Крсте Мисирков за нивната неуморна работа за обезбедување приватни часови по македонски јазик во Егејска Македонија (која Грција ја анектираше во 1912/13 година) и бара Грција да ги исполни своите меѓународни обврски и да обезбеди јавно образование на малцинските јазици.

Грција има политика на дискриминација против Македонците, како и другите малцински заедници. Таа ја прикрива својата политика кон Македонците со притисокот принудно да се смени името, идентитетот и историјата на Македонците преку “Договорот од Преспа”.

Место налудничаво да го слават “Договорот од Преспа” како “решение за еден дипломатски спор”, ОН, ЕУ и НАТО мораат да го осудат неговото спроведување како и да ја осудат Грција за бруталното кршење на човековите права. Тие мора конечно да побараат спроведување на конвенциите за заштита на човековите права кои Грција постојано ги крши. Прв чекор кон ова би било итно воведување на часови по македонски јазик во системот на јавно образование на Грција.

Social profiles